Декларација за правата на народот на Русија



Прв пат објавено: 2 ноември [15 ноември, нов стил] 1917
Извор: „Револуција: македонско списание за историја, теорија и пракса на марксизмот“, Скопје, ноември 2017, бр. 1, 26-27 стр.
Превод: Лазар Фотев
Техничка обработка: Здравко Савески
Онлајн верзија: мај 2018


Октомвриската револуција на работниците и селаните започна под заедничкото знаме на еманципацијата.

Селаните се ослободуваат од власта на земјопоседниците, затоа што повеќе нема земјопоседничко право на сопственост на земјата – тоа е укинато. Војниците и морнарите се ослободуваат од власта на автократските генерали, бидејќи отсега генералите ќе биде предмет на избор оставка. Работниците се ослободуваат од каприцот и самоволието на капиталистите, затоа што отсега ќе се воспостави контрола на работниците врз комбинатите и фабриките. Сè што е живо и способно за живот се ослободува од омразените пранги.

Останува само народот на Русија, кој страда и трпи угнетување и самоволие, чија еманципација мора веднаш да отпочне, и чие ослободување треба да се оствари решително и дефинитивно.

За време на царизмот народите на Русија систематски се подбуцнуваа едни против други. Резултатот од таквата политика е познат; од една страна масакри и погроми, од друга ропство на народот.

Не може да има и не смее да има враќање на оваа срамна политика на подбуцнување. Отсега таа мора да се замени со политика на една доброволен и чесен сојуз на народите на Русија.

Во периодот на империјализам, после февруарската револуција, кога моќта се префрли во рацете на Кадетската буржоазија, отворената политика на подбуцнување го отстапи местото на кукавичката недоверба меѓу народите на Русија, на една политика на критизерство и провокација, на „слобода“ и „еднаквост“ на луѓето. Резултатот од таквата политика е познат; пораст на непријателство меѓу народите, намалување на меѓусебната доверба.

Мора да се стави крај на оваа недолична политика на лага и недоверба, на ситничарење и провокација. Отсега таа мора да се замени со една отворена и чесна политика што ќе води кон целосна меѓусебна доверба на народите на Русија. Само како резултат на една таква доверба може да се формира чесен и траен сојуз на народите на Русија. Само како резултат на еден таков сојуз работниците и селаните на народите на Русија може да се цементира во една револуционерна сила способна да даде отпор на сите обиди од страна на империјалистичко-анексионистичката буржоазија.

Врз основа на овие претпоставки, Првиот конгрес на советите, во јуни оваа година, го прокламира правото на народите на Русија за слободно самоопределување.

Вториот конгрес на советите, во октомври оваа година, повторно го потврди ова неотуѓиво право на народите на Русија уште поодлучно и појасно.

Заедничкото завештание на овој Конгрес на Советите на народните комесари донесено врз основа на нивната активност околу прашањето на националностите на Русија, е изразено во следниве принципи:

1. Рамноправноста и суверенитетот на народите на Русија.

2. Право на народите на Русија на слободно самоопределување, дури до точката на одвојување и формирање на независна држава.

3. Укинување на секакви национално-религиски привилегии и неспособности.

4. Слободен развој на националните малцинства и етничките групи населени на територијата на Русија.

Конкретниот декрет што следи од овие принципи веднаш ќе биде елабориран по формирањето на Комисија за национални прашања.


Во име на Руската Република,

Претседател на Советот на народните комесари,

В.Уљанов (Ленин).

Народен комесар за национални прашања,

Јосиф Џугашвили (Сталин).



Архива на акти од Руската револуција

Архива за Руската револуција

марксистичка интернет архива